Од утринава колони возила ја напуштија Македонија, македонски државјани заминаа на вакцинација во Србија. Утрово камерите на Граничниот премин на Табановце во живо прикажуваа километарски колони од автомобили и автобуси со граѓани кои одлучија да се вакцинираат против корона вирусот кај нашиот северен сосед.

Но, едноставно преносот од видео надзорот сега покажува грешка. Едноставно поради необјасливи причини видео надзорот повеќе не е во фунција на овој граничен премин.
Инаку иницијативата за масовно вакцинирање во Белград, но и на други вакцинални пунктови ја покренаа стопанските комори од регионот, па така од вчера, но и во текот на викендот се очекува илјадници македонски граѓани да се вакцинираат.
Граѓаните велат дека се разочарани што премногу долго се чека да стигнат вакцините кај нас и додаваат дека ова е можност која ја користат за да си го заштитат здравјето.
Инаку во организација на Македонската асоцијација на новинари МАН и српското Удружење новинара Србије УНС, пред неколку денови 105 новинари и медиумски работници од Македонија се вакцинираа во Врање, Србија.
Додека земјава очекува вакцини за да отпочне масовната имунизација, по новинарите, вакцинација во Србија најавија и полицајци, бизнисмени, но и угостителите и музичарите.
Министерот за здравство Венко Филипче пред неколку дена информираше дека утре ќе пристигнат вакцините преку Ковакс системот. Но, премиерот Зоран заев најави дека приоритетна група сега за вакцинација ќе бидат попишувачите, поточно сите кои се вклучени во пописот кој треба да започне на 1 април.
Претседателот пак на Комисијата за заразни болести, доктор Жарко Караџовски во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека неговиот личен страв е дека ќе има слаба заинтересираност за вакцинирање.
-Јас плашам дека после сета оваа бука нема вакцини, потоа ќе ни останат вакцини. Вакцинирањето е доброволно, не може со сила да вакцинираме. Инаку, АстраЗенека е сосема безбедна. Јас би се вакицнирал со која било вакцина и да се погоди на пултот каде што ќе се вакцинирам.