Промени тема
Контакт

ФОТО: Малку треба да се случи трагедија во населбата Даме Груев, градоначалникот секој ден го гледа и игнорира проблемот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
GEGE-MOST12

Ископано, фрасфрлано, со огромна дупка во која може да пропадне и тркало од возило. Вака изгледа дел од улицата „Лука Геров“ во скопската населба Даме Груев, позната како Геге. Веќе 13 дена, овој потег седи со расфрлани ивичњаци, кои беа поставени, но поради нивната висина пречеа на возилата и беа извадени.

Граѓаните излегоа на протест и ја блокираа улицата за да се реши проблемот, но, наместо тоа, добија игорнирање од страна на општина Ѓорче Петров и градоначалникот Александар Наумоски. Тој вчера играше и фудбал во близина на местото каде се наоѓаат ивичњаците, секојдневно поминува на овој потег бидејќи живее во истата населба, но изгледа, нему не му пречи ниту тоа што местото е небезбедно за возилата и жителите, а особено децата.

— реклама —

„Нека се случи трагедија, нека почека уште малку, па тек тогаш ќе видиме кој има одговорност да го среди овој хаос. Ние плаќаме даноци, тој е должен да спроведува. Егото дома!“, искоментира еден од жителите на населбата кого го затекнавме на улицата.

— реклама —

Улицата „Лука Геров“ ја користат илјадници граѓани на општината за да стигнат до своите домови. Всушност, таа ги поврзува населбите Ѓорче Петров, Даме Груев, Ново село, Кисела јабука, Шкорпион, Волково, Стопански двор, Орман, Никиштане, Кучково.

— реклама —

За потсетување, граѓаните претходно излегоа на протест бидејќи со поставувањето на ивичњаците сметаа дека им се блокирани влезовите во куќите, бидејќи тие високи, а возилата се оштетуваа при поминување. Велеа дека имаат реагирано до општината, а откако биле игнорирани, се решиле за протест. Но и по протестот, никој не ги есапи нивните барања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања