Матка е затрупана во ѓубре. Низ патеките кои водат во кањонот Матка стојат расфрлени ќеси, шишиња, хартија и други отпадоци. Корпите за отпадоци се преполни, а ќесите полни отпад стојат околу нив. Колите се паркирани секаде, па дури и на патeките кои водат кон кањонот.
Надлежните од Град Скопје и Општина Сарај со години се трудат да најдат решение за овој проблем.
