Конечно мечето Теди од Штип ќе патува во резерватот „Паркот на танцувачките мечки" во Белица, Бугарија ❤️
По иницијатива на нашата колешка Тина која го водеше целиот процес беа исконтактирани 4Paws, најдобрата светска организација за заштита на животните кои ни помогнаа Теди да замине на подобро место.

Благодарност до директорот на Скопје ЗОО, Ѓорѓи Галетановски кој од самиот почеток го поддржа целиот процес, ветеринарката Весна Левајковиќ која ја подготвуваше документацијата, Министерство за животна средина, АХВ и општина Штип, се вели во објавата на Зоолошката градина Скопје.
Утрово на терен во Штип, Тина и ветеринарот Срѓан Мештеровиќ го испратија Теди и екипата на 4 Paws во резерватот поддржан од фондацијата на Брижит Бардо и 4Paws International.
