„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ФОТО) Мерко во ново „Ауди А6“, а првачињата во мувлосани училници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
skolo-struga

Додека Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко ќе се вози во нова лимузина „Ауди А6“ вредна 67.000 евра, првачињата во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе влезат во мувлосани училници.

— реклама —

Општинaта на крајот од ноември лани покрај за градоначалникот, се подновила и со три други автомобили за кои вкупно платила 114.000 евра. Но, за Мерко аудито од речиси 70.000 евра не е луксузен автомобил, бидејќи обични граѓани возеле автомобили од над 100.000 евра, објави Економски лидер.

-Не се работи за луксузни возила, туку за возила кои се неминовна потреба на локалната самоуправа. не велите дека се луксузни кога обичните граѓани возат возила над 100 000 евра, изјави тогаш Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга.

— реклама —

Училиштето се наоѓа во центарот на Струга, а на социјалните мрежи се појавија фотографии од урнисаното училиште кое за неколку дена треба да ги прими првачињата.

Извор: Економски лидер

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања