„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

(ФОТО) Ми се јави мајка ми липајќи, плачам и јас а кожата ми се ежи кога ќе помислам за условите во карантинот каде ќе бидат однесени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

ФБ статус:

— реклама —

-Вечерва во Софија слетаа мајка ми и брат ми, од Лондон. На македонската граница им било соопштено дека е донесен нов закон кој наложува да секој што влегува во државата да оди во државен карантин. Следно, им ги одзеле пасошите, за да ги товарат како говеда во полициско комбе со 20 луѓе, стуткани еден до еден. На границата немало лекари, туку симптомите биле ТЕЛЕФОНСКИ соопштувани. Така мајка ми и брат ми со часови чекаат на граница за транспорт до карантин заедно со уште стотина други луѓе. Какви ви се тие мерки, какви се??

Каква превенција, каква заштита!?!?

— реклама —

Ми се јави мајка ми липајќи, плачам и јас а кожата ми се ежи кога ќе помислам за условите во карантинот каде ќе бидат однесени.

Зарем не претрпев слично сценарио со татко ми, а??

Греота и голем срам. Плачам и се плашам. Хорор.

СРАМ ДА ВИ БИДЕ!!

Ве молам споделувајте.

Инаку на прес конференција вчера министерот за надворешни работи Никола Димитров потенцираше дека Министерството за надворешни работи во соработка со Министерството за транспорт и врски ќе организира хуманитарни летови и конвои за да можат околку 2.300 граѓани кои се заглавени во меѓугранични простори или по аеродроми или им треба помош да си дојдат дома.

Сите кои ќе пристигнат во државава ќе треба да бидат во задолжителен државен карантин минимум 15 денови, а  трошоците за тој карантин ќе бидат на товар на државата, информира министерот Димитров.

Тој потенцира дека нема податоци каква е нивната здравствена состојба и уште еднаш повтори дека не е време за патување во странство.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања