Промени тема
Контакт

(Фото) Мицкоски и Апасиев се кријат дека се организатори на насилните протести, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Scrn-2

Веќе 7 дена Мицкоски и Апасиев се кријат дека се организатори на насилните протести, со кои сакаат да предизвикаат тензии во државата, вели СДСМ

„Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, помогната од Алијанса за Албанците се обиде среде Скопје да испровоцира меѓуетнички конфликт од огромни размери.

— реклама —

Инциденти и обид за реприза на 27 април имаше пред зградата на Собранието, како и обид за насилен упад пред зградата на Владата.

Антиевропската коалиција направила измислен, анонимен е-маил, како параван, и праќа фотографии по медиуми од протестите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

— реклама —

Посебна тема е злоупотребата на деца на фотографиите што се лиферуваат од измислениот мејл.

Зошто антиевропската коалиција има потреба да се крие кога целата јавност знае дека ВМРО-ДПМНЕ и Левица се организатори?

— реклама —

Ако Мицкоски и Апасиев мислат дека на овој начин ќе се спасат од одговорност за насилствата се лажат.

Јавноста се уште очекува одговори и за улогата на политичкиот дезертер од Армијата, Драган Ковачки со овие настани?

— реклама —

Дали токму Ковачки коорднирал група на поранешни припадници на Армијата во ова крваво сценарио?

Одговорност за насилството и за режираните крвави сценарија мора да понесат сите инволвирани“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања