Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ФОТО) Мицкоски на профилот од Заев му одговори на Џамбаски: ВМРО е Македонија, а Гоце Делчев – македонец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
04022021_VRSM_Polozhuvanje_cvekje_Goce_Delchev-3

По повод денот на раѓањето на Гоце Делчев, на Фејсбук се огласи премиерот Зоран Заев:

— реклама —

„Денеска, 4 февруари, на денот на раѓањето на великанот и инспираторот на македонското национално револуционерно дело – Гоце Делчев, се сеќаваме и оддаваме почит на неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност.

Како инспиратор и двигател на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев секогаш повикуваше на единство и сплотеност во политичките предизвици пред кои е исправена земјата од сите општествени чинители и граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност.

— реклама —

Идеалите и заложбите на овој великан се наша заедничка обврска да продолжиме да ја градиме државата како демократска и економски напредна земја, која денеска е дел од најмоќниот воено-безбедносен сојуз НАТО и земја која чекори кон членство во ЕУ“, напиша на ФБ премиерот Зоран Заев.

Невообичаено за политичари, во коментар под постот, со Заев полемизираше Ангел Џамбаски, претседател на делегацијата на бугарската ВМРО во Европскиот парламент, а него пак му репчицираше претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

фото: ФБ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања