„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ФОТО) Мицкоски ороводец со знамето од Вергина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
69676329_1306167339558722_6261903077360533504_o.jpg1_

Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа во селото Радовишка Ораовица го зиагра орото притоа веејќи го знамето со сонцето од Вергина кое според „Преспанскиот договор“ не смее да се истакнува јавно на територијата на нашата држава, а минатите денови тоа тече процес на отстранување на сонцето од шахтите низ земјава.

— реклама —

Мицкоски фотографиите сам ги објави на Фејсбук и напиша:

— реклама —

„Бев во Радовиш и Радовишка Ораовица, во преубавиот манастир Свети Горѓи. Сликата за тоа како живее Македонецот е тажна и жална, целосно спортивна од говорите на премиерот и неговата свита. Народот е огорчен од кастата на власт, за кои најважни се парите, криминалот и нивниот личен бенефит. Секој ден, секој час, Македонецот губи нешто. Ја губи слободата, стабилноста, интегритетот, идентитетот со кој тргуваат, ја губи европската иднина, зошто такви луѓе ни ја водат земјата. Наместо борба против криминалот имаме власт која води борба да го заштити криминалот, наместо борба за правда имаме промоција на неправда. Народот веќе не им верува, а не им верува зошто удрија по се што е свето и важно за нашите граѓани. На народот му одземаа три години, време на стагнација, време на најцрниот криминал некогаш сторен досега. Станавме држава каде премиерот е главата, а министрите главни пипци на криминалниот откопод кој хара по Македонија. Затоа наша обврска е да го вратиме сето она што е разрушено и украдено, да се бориме за секоја педа Македонска земја која ја опустошија и искрадоа. Да обезбедиме иднина и обнова на Македонија и сигурност на секој еден граѓанин. И Заев и неговата каста знаат дека само месеци се во прашање кога народот ќе ги порази а Македонија ќе победи!“

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања