Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

(ФОТО) Мицкоски се сретна со грчкиот и кинескиот амдасадор, разговараа за криминалот и високата корупција во Власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Mickoski-Kina-sredba-1

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средби со Амбасадорот на Република Грција, Димитрис Јанакис, како и со амбасадорот на Народна Република Кина, Жанг Зуо.

— реклама —

Теми на двете средби беа актуелните политички случувања во Република Македонија, предвремените парламентарни избори кои претстојат и предизвиците со кои Македонија се соочува на меѓународен план.

— реклама —

Мицкоски потенцираше дека клучна стратешка определба на Република Македонија останува членството во Европската Унија и во НАТО, и токму затоа веднаш по преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе се посвети на исполнување на значајните реформи, но и создавање на силна економија со која државата и граѓаните ќе може да ги достигнат европските стандарди.

— реклама —

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека актуелната власт предводена од СДСМ потфрлила на исполнување на клучните реформи, ги наведе заробеното судство, криминалот и високата корупција од страна на функционерите на власта  при што ги посочи случаите Рекет 1 и Рекет 2 за кои немаше соодветна истрага а ниту се блиску до правна завршница.

— реклама —

Мицкоски нагласи дека во Република Македонија неопходно е итно враќање на владеење на правото и дека мора конечно да се расчисти со криминалот и корупцијата кои го достигнаа зенитот откако е СДСМ на власт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања