Неколку илјади, претежно млади, синоќа маршираа низ улиците на Скопје извикувајќи „Сакаме воздух" . Демонстрантите побараа од владата и надлежното министерство да преземат итни мерки за намалување на загадувањето.
Од Министерството за животна средина, еко-активистите, невладините организации и средношколци се упатија пред Владата.

Тие уште еднаш потсетиија дека ако надлежните не ги исполнат нивните барања , тие ќе продолжат да ја бараат правдата на улицаа.
Инаку утрото на социјалните мрежи се појави видео на кое се глада како директорката на гимназијата Никола Карев им се закануваше на учениците да не протестираат. Таа по објавувањето на снимката беше разрешена.
фото: ФБ Кристијан Јандриоски