Промени тема
Контакт

(Фото) МВР доби и возила со вграден радар: полицијата ќе мери брзина и во движење на автопат!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryhu9nlcrjg8cpa8i6chL

Министерството за внатрешни работи ги прими новите специјализирани возила за мобилно мерење на брзината – најсовремени „Форд“ модели опремени со интегриран радарски систем, камери со висока резолуција и софтвер за моментално лоцирање и документирање на прекршоци, дознава „Скопје1“.

Овие возила ќе патролираат низ државата и ќе регистрираат возила кои се движат со поголема брзина од дозволената, без разлика дали станува збор за градска зона, регионален пат или автопат.

— реклама —

Иако не е познато кога ќе бидат пуштени во редовен сообраќаен надзор, од МВР неофицијално дознаваме дека системот ќе се користи во рамките на новите мерки за зголемување на сообраќајната безбедност.

Засега останува непознато дали при утврдување на несоодветна брзина, поголема од дозволената, службениците ќе ги запираат возилата на лице место и ќе изречат казна или таа ќе стигне по пошта, слично како што прави системот „Сејф сити“.

— реклама —

Мобилните радари од овој тип се користат во повеќе европски држави и се покажаа како исклучително ефикасни во намалување на сообраќајните прекршоци и сообраќајните несреќи.

Германија користи мобилни радарски комбиња со вградени радари што мерат брзина без присуство на службеник во возилото. Тие се поставуваат на критични точки, а податоците се испраќаат автоматски до централниот систем за казни.

— реклама —

Француската полиција користи патни „Рено“ и „Пежо“ возила во кои има невидливи радарски системи. Тие можат да мерат брзина и додека стојат, но и додека се движат, дури и во спротивна насока.

Британската полиција користи комбиња со камери и радари што снимаат од далечина. Тие се поставуваат на патишта со висока стапка на несреќи и се покажаа како еден од најуспешните проекти за намалување на брзото возење.

— реклама —

Во регионот, Словенија и Хрватска веќе неколку години користат мобилни радари монтирани во полициски возила. Овие радари мерат брзина додека службениците патролираат, а се регистрираат и возила што доаѓаат од спротивната насока.

Последните години повеќе трагични несреќи во Македонија беа последица на екстремно брзо возење, особено во урбани средини. Новите мобилни радари се очекува значително да ја засилат контролата и да внесат дисциплина кај возачите кои свесно ја надминуваат брзината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt99h4t306e1u5cc8a0J

Повредил двајца со остар предмет, кај него пронајдени оружје и муниција

Македонија | пред 45 секунди

— реклама —
media-library8a5sljq3qo5deMYJK7E

Повредени двајца полицајци во сообраќајка во Скопје

Македонија | пред 3 минути

media-library22ehvslmdm22arH0l94

Нападнала 81-годишен маж во неговиот дом и му одзела пари, приведена 40-годишна жена

Македонија | пред 6 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања