Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ФОТО) На Сараиште се сечат дрва и се узурпира земјиште, граѓаните велат овој простор е државно и заштитено со закон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
saraiste

На Сараиште, позната локација во стариот дел на Охрид, се сечат дрва и се узурпира просторот, објави поратлот Охрид 24.  Жителите од стариот дел на Охрид настанот го пријавиле до Локалната власт и до СВР Охрид.

— реклама —

— реклама —

– Во повеќе наврати се узурпира најстрогото градско јадро, во стариот дел на Охрид. Од несовесни граѓани се узурпира плажата, се сечат дрва со цел во иднина да се присвои заштитената површина за свои приватни интереси. Од сликите се гледа дека лицата своеволно ги сечат дрвата кои го красат убавото Сараиште, посочуваат загрижените граѓани.

Според нив дрвата бесправно ги сече сопственик на сместувачки објект во близина, со објаснување дека ќе засадел нови дрва.

Граѓаните во поплаката која ја испратиле до Охрид 24  појаснуваат дека земјиштето каде се сечи е државно и заштитено со закон.

– Местото веќе делумно е узурпирано, а целта е целосна узурпација, нагласуваат граѓаните и бараат институциите да го спречат, како што велат, ваквиот вандализам на брегот на езерото, а узурпаторот да го врати местото во првобитна положба и да понесе одговорност како би се спречило во иднина никој да не презема вакви активности.

извор: Охрид 24

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања