Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(ФОТО) Наплив од џиновски печурки во Пијанец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pecurki

Последните врнежи го преплавија Пијанечкиот регион со џиновски печурки. За неполни три дена трагачите по печрки пронајдоа три печурки со тежина од над еден килограм, при што најголемата пронајдена во овој регион е онаа на делчевецот Станко Поповски која тежеше 2, 2 килограми.

— реклама —

– Печурката ја пронајдов вчера утрото кај местото викано „Овча Глава” во атарот на селото Тработивиште. Откако денот го поминав во собирање печурки, вечерта ја однесов за откуп и на мое изненадување и изненадување на откупувачите, истата на кантарот покажа 2,2 килограми, што е најголема печурка пронајдена во Пијанец годинава. За неа зедов околу 400 денари, што навистина ме исполни со радост, бидејки ретко наоѓам толку големи печурки, истакна Поповски.

— реклама —

Во текот на денешниот ден како што информираше откупувалот Трајчо Гоцевски рекордот на пронајдена печурка од сортата „вргањ” изнесува 1,7 килограм.

— реклама —

-Печурката ја порнајде младиот Матеј кој заедно со родителите редовно собира печурки. Истата исто така е од сортата „вргањ” и е една од поголемите пронајдени за време на овогодишната сезона. Освен оава деновиве имаме печурки со сличан големина што е доказ дека годинава оваа гранка е доста доходовна, рече Гоцевски.

— реклама —

Од откупувачките центри додаваат дека после вчерашните и денешните врнежи се очекува уште поголем наплив од печурки чија цена достигнува од 120 до 150 денари за килограм.

Извор:МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања