Акција за чистење отпад се одржа вчера кај стариот авто полигон под Кале во Скопје, во организација на граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ како продолжение на нивните активности за расчистување на сметот на повеќе од 40 локации во изминатите десет месеци.

Запуштениот полигон и околината се чистеа со багер и со камиони. На помош дојдоа вработени од фабриката ,,Карпош“, кои само со оваа механизација можеа да се спротистават на дивата депонија.
,,За јунаци на акцијата ги прогласувам Фабрика Карпош!!
Без нивните луѓе и машини, ништо! Ништо!
Без многу бука, на договорен термин, без непотребни муабети, само со ишарет! Браво! Скроз профи!! Камиони и камиони однесоа на Дрисла…“-вели Ирена.
Оваа акција е една од најмасовните, и на истата се приклучиле стотина луѓе.
