Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Фото) Несреќа на Дунав: Брод удри во мостот кај Бачка Паланка, потона шлеп со 1000 тони вештачко ѓубриво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
1704448480322-brod-830x0-1

Романскиот брод „Антонија“, синоќа околу 2 часот удрил во носечкиот столб на мостот на граничниот премин Бачка Паланка, јавува Информер.

Бродот под романско знаме туркал шлеп со 1.000 тони вештачко ѓубриво кога удрил во мостот.

— реклама —

Од силината на ударот шлеп почнал да испушта вода и набрзо потонал во водениот пат. На местото на настанот покрај полицијата излегла и противпожарната единица, бидејќи првата дојава била дека бродот потонал, но за среќа се испоставило дека само шлеп завршил на дното на Дунав.

Засега не се знае зошто дошло до судир со мостот, а тоа ќе го утврди истрагата.

— реклама —

За инцидентот е информиран Секретаријатот на Владата на АП Војводина, а засега не е познато како огромното количество вештачко ѓубриво во водата ќе влијае на животната средина.

Товарниот брод удрил во столбот на мостот „25 Мај“ на Дунав. Сообраќајот и граничниот премин Бачка Паланка - Илок се затворени додека не се изврши истрага и проценка на штетите

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања