Несреќа се случи на излезот од Петровец кон обиколницата за автопатот „Пријателство“. Автомобил удри во мотор, при обид да се приклучи на улица. Евидентно е дека има големи оштетувања на моторот.
Засега, неофицијално, нема тешко повредени лциа. Возачот на моторот е во добра здравствена состојба.
На терен има полиција, која чека увидна екипа од МВР. Ќе се утврдуваат точните причини за несреќата.