Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(ФОТО) Николоски: Денес оставка, за да се спречи Зоран Заев да продава се што е македонско

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
protest-5

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николски на денешното обраќање пред граѓаните собрани пред Владата рече дека мора да се стави крај на распродажбата на се што е македонско од страна на Зоран Заев.

— реклама —

„Еве веќе недела дена, Македонците, граѓаните на Македонија, од сите краеви на Македонија го креваат гласот против најголемото национално предавство кое и се случува на Македонија“, рече Николоски во обраќањето.

Потпретседателот Николоски посочи дека присуството и блокадата пред Владата се уште еден сигнал за оние кои седат во Владата, а се предводени од Зоран Заев.

— реклама —

„Ова овде, оваа бокада е уште еден сигнал за оние кои седат позади, тука на чело со Зоран Заев, дека денес, сега, ова е моментот во кој треба да поднесат оставка и да престанат да ја понижуваат Македонија и македонкиот народ“, кажа Николоски.

Николски во обраќањето порача:

„Денес оставка, за да не е доцна.

— реклама —

Денес оставка, за да престанат националните понижувања.

Денес оставка, за да престанат да тргуваат со македонската историја, македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската култура.

— реклама —

Денес оставка, затоа што за пусти пари распроадваат работи кои не се проадваат, за пари за бизниси, за да им работат фирмите во Струмица, ама и фирмите во Бугарија, да им работат фирмите во Струмица, ама и фирмите во Петрич.“

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања