Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(ФОТО) Николоски: Крими коалицијата СДСМ-ДУИ донесе ДУП од 200 милиони евра за ОФ ШОР фирма на Панама, сопственост на контроверзен бизнисмен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
nikoloski

Помина една недела откако објавив за усвојувањето на ДУП за “ШИК Јелак” Тетово со кој се предвидува урбана џунгла во градот со нови 2 000 станови за 8 000 жители и огромни деловни комплекси со вкупна заработка за инвеститорот од 200 милиони евра, напиша на својот ФБ профил потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски. Тој во објавата додава:

Помина едена недела откако објавив дека зад овој проект стои контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ. Една недела нема одговор од надлежните институции, а нема ни одговори од Заев и Ахмети за поличката позадина на овој случај.

Затоа продолжувам со изнесување нови сознанија кои ќе фрлат дополнително светло на целиот случај.

Сопственик на поранешниот гигант ”ШИК Јелак” е Миодраг Дака Давидовиќ, преку фирмата “Јелак Градба” . На просторот на “ШИК Јелак” крими коалицијата СДСМ/ДУИ донесе детален урбанистички план еден ден по изборот на Владата кој му носи потенцијален профит од 200 мил евра на инвеститорот.

Во “Јелак Градба” управител е лично Дака Давидовиќ, додека како сопственик се јавува фирмата “Адастра груп Корп” која е регистрирана во даночниот и оф шор рај Панама!

— реклама —

Преку јавно достапните податоци кои лесно може да се најдат со мало пребарување на интернет може да се види дека сопственик на оф шор компанијата “Адастра груп Корп” во Панама е Миодраг Дака Давидовиќ! За овие сознанија приложувам документи.

Во јавноста е познато дека овие оф шор компании се користат за сомнителни трансакции, за внесување на капитал од сомнително потекло, како и за нагло изнесување капитал на непознати дестинации. Исто така е познато после големата афера “Панама Пејперс” дека оф шор дестинацијата во Панама била омилено место на бизнисмени со сомнителен капитал најчесто стекнуван на просторите на поранешниот источен блок.

— реклама —

Панама е омилено место на бизнисмени кои не мислат дека иднината на регионот на Балканот е во европската и евроатланската интеграција, а еден од нив е и Дака Давидовиќ на кого двоецот Заев и Ахмети му подарија вака вносен бизнис.

https://www.facebook.com/NikoloskiA/posts/1670050066493043

Се отвара прашањето дали надлежните институции во Македонија го провериле изворот на средства кои влегуваат во фирмата на Дака Давидовиќ преку неговата оф шор фирма во Панама, кој е изворот на тие средства, како се стекнати?

— реклама —

Исто така легитимно прашање е како и за што ќе се користат средствата кои ќе се заработат од ДУПот во Тетово? Дали ќе бидат испумпувани кон Панама и каде потоа ќе завршат?

Поставувам прашање дали надлежните институции во Македонија го провериле работењето и може да гарантираат за работотата на фирмата “Јелак Градба” чии сопственик е “Адастра груп Корп” од Панама?

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања