На местото каде вчера загина млад охриѓанец, денеска се случи нова сообраќајна несреќа. За среќа, овојпат без жртви, туку само со материјална штета. Во попладневните часови, кога врнеше и дожд, на патот Охрид-Подмолје имаше мала сообраќајка помеѓу две возила со охридски регистарски ознаки.

Едно од возилата е „Ренџ ровер“, во кое удри друг автомобил. Патот беше блокиран скоро еден час, по што, сообраќајот се одвиваше без застој. И по оваа сообраќајка, одново се отвора прашањето, дали патниот правец е безбеден за возачите. На овој дел, речиси и да нема месец кога нема сообраќајка, а често завршуваат и со тешки повреди.
За потсетување, вчера, на ова место загина 30-годишен охриѓанец.
Детали за несреќата каде загина охриѓанецот: Еден од возачите бил пијан
Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, 24-годишен жител на селото Белчишта, општина Дебрца, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.Поведувањето на постапката следи откако јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид, во координација со увидна екипа од МВР, изврши увид на самото
Македонија | пред 4 години
Загина млад охриѓанец, нова ужасна несреќа на автопатот во изградба
На 21.02.2022 година во 00:35 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Подмолје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките моторни возила со охридски регистарски ознаки: „Ауди“ управувано од М.Л.(24) од селото Белчишта, општина Дебарца и „Фолксваген Поло“, управувано од Х.К.(30) од Охрид.На местото на несреќата починал возачот Х.К., а екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт додека, М.Л.-возач на возилото „Ауди“ се здобил со тешки телесни повреди, констатира
Македонија | пред 4 години