(ФОТО) Нови табли пред спомениците во Скопје и Битола - Античките хeрои и официјaлно препишани на грчката историја

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
tabli

Искршени таблите во Прилеп поставени неодамна и според кои видни историски личности се напишани дека припаѓаат се дел од хеленската античка историја.

— реклама —

Таблата пред споменикот на Александар Македонски во Прилеп е поставена по втор пат.

— реклама —

Согласно договорот од Преспа, властите наместија нова табла пред споменикот на Александар Македонски во Прилеп, откако претходната беше преку ноќ отстранета.

За разлика од првата која беше мала и незабележителна, сега новата е со конструкција зацврстена со завртки.

“Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство”, пишува на таблата.

Инаку на споменици во Скопје и во Битола вчера беа поставени табли на кои пишува дека се дел од „хеленската историја“. Пред седум споменици поставени на мостот Око во центарот на Скопје од вчера има табли на кои се објаснува дека тие личности се дел од хеленската античка историја.

До вчера на овие споменици беа поставени натписи со имињата на личностите. Ова вчерашно дообјаснување со метални табли пред спомениците е дел од обврската која Македонија ја презеде со Договорот од Преспа.

-Утрово на Мостот Око пред секоја фигура која е дел од античката (македонската) историја во центарот на Скопје осамнаа метални табли со содржина која сите овие ликови ги препишува на грчката историја. Ја продадовте Македонската историја за лични интереси! Предавници, се вели во објавата на Предавниците на Македонија на ФБ.

 

https://www.facebook.com/predavnicite/photos/pcb.1237169629980052/1237169466646735/

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања