„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ФОТО) Новогодишни средби со социјално загрозени семејства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sredba-1

— реклама —

— реклама —

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески присуствуваше на новогодишниот ручек што општина Охрид   го организира за 150 социјално најзагрозени лица,а во соработка со Црвен Крст и Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“.  Градоначалникот  на присутните им посака добро здравје, среќа и бериќет во Новата  Година.

– Чест ми е што денеска имам можност со вас да  споделам заеднички оброк и да ве запознаам одблиску. Радоста која денес ја гледам во очите на секое ваше дете, посакувам да остане забележана во текот на целата наредна година.  Сите вие сте значен сегмент  од нашето општество,  а ние сме  секогаш тука да креираме можности за подобар живот и надминување на социјалните разлики меѓу сите граѓани. Тековно општина  Охрид реализира активности кои се дел од програмата за социјална заштита, а се за подобро утро на сите Вас.  Согласно своите ингеренции  општината редовно се вклучува во одбележување на   Неделата  на солидарност во месец април и Неделата  на борба против гладта  во месец октомври.Сите под ова небо сме едно исто- сите сме ЛУЃЕ.  Затоа да се сакаме , да се дружиме и да си помагаме меѓусебно. Сите заедно да влеземе во една посреќна, поуспешна и побериќетна година со желба  за  најдобро здравје на сите нас- рече градоначалникот Георгиески.

Најмладите на настанот ги израдува Дедо Мраз кој им подари новогодишни пакетчиња, а  се одржа и културно забавна програма.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања