Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

(ФОТО) Обилни врнежи во Битола: Поплавени улици и домови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bitolla-nevreme-1

Силен и пороен дожд вечерва поплави улици на неколку локации, на повисоките зони и централното градско подрачје во Битола. Краткотрајниот но обилен дожд проследен со град го оневозможи нормалното одвивање на сообраќајот.

За само 15-тина минути попладнево наврнале над 40 литри дожд на метар квадратен, што предизвика поплави на одредени улици и домови во градот, соопштија локалните власти.

— реклама —

— реклама —

Надлежните служби интервенирале и со градобијни ракети за растерување на тешки облаци со град.

— реклама —

Според информациите од терен, забележани се многу електрични празнења, кои дополнително ги отежнале напорите на службите за враќање на ситуацијата во нормала.

Од општина Битола соопштија дека веќе е интервенирано во населбите Карпош, Јени Маале, населбите Баир, Дулие и влезот кај „Лук Оил“ и улицата „Иван Милутиновиќ“.

Градските власти информираат дека стапиле во контакт со екипите на ЕВН, за постапување по нивните надлежности, а поддршка на терен ќе даде и Дирекцијата за заштита и спасување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања