Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

(Фото) Објава на „Фејсбук“ за наводни киднапери предизвика паника и хаос во Македонија, тренд кој минатиот месец беше актуелен во Србија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
dfasdgasdg

Страв и паника предизвика вест објавена на социјалните мрежи за наводни киднапери, чија мета се деца од Скопје. Станува збор за тренд кој започна во Србија, а продолжи во Македонија. Измонтирана форографија на која има пет лица масовно се споделува од профилот на извесен Ибрахим Сали. Неговата објава е споделена над 4.500 пати од страна на граѓаните.

„Овие 5 души се киднапери на деца. И се движат моментално околу Скопје, поточно Батинци! Денес имаше обид за грабнување на моите 2 внуки, но за среќа неуспешно. Затоа апелирам до сите граѓани овие лица ако некој ги види да ги пријави во полиција!“, пишува во неговата објава која створи паника.

— реклама —

— реклама —

Уште минатиот месец, овој тренд со споделување на истата фотографија и сличен текст во вид на апел, беше актуелен и во Србија. Таму пак, стоеше и дека лицата им ги продаваат органите на децата.

— реклама —

Дека не станува збор за киднапери на фотографијата, укажуваат и од МВР. Тие додаваат дека ниту има одземено дете, ниту било каков киднапер.

„Граѓаните да не наседнуваат на дезинформации, полицијата ја гарантира безбедноста. Министерството за внатрешни работи ги демантира лагите кои некои лица ги пласираат преку социјалните мрежи за некакви наводни киднапери. Нема ниту едно одземено дете, ниту било какви киднапери. Апелираме да не се шират дезинформации по социјалните мрежи кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните. Полицијата е присутна насекаде и ја гарантира безбедноста на граѓаните“, се вели во официјалното соопштение на МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 7 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 7 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 7 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања