(ФОТО) Објавена потерницата: Анџело Ѓорѓиевски е осомничен дека го убил ракометарот Денис Тот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
IMG_3363

Полицијата распиша потерница по лицето кое се сомничи за убиство на ракометарот Денис Тот. Станува збор за Анџело Ѓорѓиевски од скопско Волково. Тој има 27 години. Ппотерницата е меѓународна.

— реклама —

„Анџело Ѓорѓиевски род.13.01.1994 год. во Скопје, каде и живее на ул.„9“ бр.5, с. Волково. Се бара по Наредба КО. бр. 1211/22 од 12.04.2022 год. на ОЈО Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело „Убиство“ по чл. 123 од КЗ на РСМ“, стои во објавата на МВР.

— реклама —

Јавното обвинителство потврди дека врз основа на прегледаните видео записи од безбедносните камери – Safe City, идентификувани се три лица за кои се донела наредба за истражна постапка, поради основано сомнение дека извршиле Убиство од член 123 став 1 и член 22 од кривичниот законик.

— реклама —

Обвинителството потврдува и дека двајца од осомничените, меѓу кои и 19 годишна девојка, се лишени од слобода и ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, додека по првоосомничениот, кој е недостапен на органите на прогонот, се трага. Со оглед на тежината на стореното кривично дело, за сите осомничени ќе биде предложена и мерката притвор.

Врз основа на резултатите од извршената обдукција на Институтот за судска медицина и геонтологија, било утврдено дека иако на телото нема видливи повреди, смртта е насилна и настапила како резултат на повреди на мозокот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања