Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(ФОТО) Објавија дека директорката е зафатена со местење тендери, па дека ФБ страната им е хакирана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
centralen-registar

По последните случувања околу заканите кои до новинарката на порталот А1он беа упатени и реакциите од страна на институциите, утрово на официјалната страница на Централен регистар Објавен е статус во кој пишува:

— реклама —

„Почитувани новинари,

— реклама —

Директорката на Централен регистар на РМ, во моментов е зафатена со местење тендери и мобинг кон членови на ВМРО! За 2 месеци, кога ќе се спрема за во затвор, ќе може да ви одговори на сите прашања“.

По овој скандалозен статус , на ФБ страницата на Централен регистар од таму пристигна и соопштение во кое се вели дека страницата е хакирана.

— реклама —

„Ве молиме објавите кои ќе бидат објавувани од таа страна да ги игнорирате, бидејќи содржините на истата не се став на Централен регистар на Република Северна Македонија. Во моментот се изработува нова фан страна за која медиумите и јавноста дополнително ќе бидат известени. Воедно страницата е искреирана уште пред 10 години од лицето Емил Јакимовски во времето кога тој бил раководител на Одделението за маркетинг и односи со јавност. Централен реистар на Република Северна Македонија се сомнева дека ова лице стои зад постовите кои се појавија на фан страната на социјалната мрежа Фејсбук во изминатото деноноќие. Овој случај исто така ќе биде пријавен до секторот за компјутерски криминал при МВР и воедно упатуваме апел истражните органи да го испитаат“, се вели во испратеното соопштение од Централен регистар.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања