„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

(ФОТО) Одбележување на петгодишната од загинување на полициските припадници кај Диво Насеље

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
IMG-0158

Денес се одбележуваат пет години од трагичното загинување на осумте припадници на Министерството за внатрешни работи во трагичниот настан кај Диво Насеље кај Куманово. Во нивна честа министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денес присуствуваше на панихида која се одржа во црквата Св. Никола во Куманово.

— реклама —

„Најпрво сакам како министер за внатрешни работи и како граѓанин да изразам искрено сочувство до семејствата и најблиските на загинатите припадници кои на денешен ден пред пет години ги положија своите животи во одбрана на уставниот поредок, мирот и сигурноста на сите граѓани“, истакна Министерот Чулев по завршување на панихидата во Куманово. Тој додаде дека несреќниот настан кој се случи во Куманово е без дилема еден страшен потсетник за реалноста од терористички закани и предизвици, за заедничката граѓанска осуда на таквото безумие, но уште повеќе за храброста и пожртвуваноста на припадниците на македонската полиција да го зачуваат нашиот мир и безбедноста нежалејќи ги своите животи.

— реклама —

Во рамки на одбележување на овој тажен ден за Министерството за внатрешни работи министерот Чулев положи и цвеќе на спомениците кои во нивна чест се подигнати во круговите на Единицата за брзо распоредување и Единицата за специјални задачи на чии редови припаѓаа овие полициски службеници. Нашето општество сите негови чинители мора и се должни да извлечат силна поука од настанот во Диво Насеље: слободата, животот и безбедноста се најскапоцени вредности што сите заедно мораме да ги чуваме и негуваме. На тоа не обрврзува жртвата на нашите колеги дадена во името на иднината на сите македонски граѓани. И таа жртва не смее и нема да биде заборавена. Нека им е вечна славата, додаде Чулев во рамки на настанот. Јас како министер за внатрешни работи цврсто стојам на ставот дека институционалната поддршка на семејствата треба да се засилува и во иднина и како и до сега треба да излеземе во пресрет на сите нивни барања и потреби, заклучи тој.

фото: МВР

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања