Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(ФОТО) Официјализирана првата предизборна коалиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sela-gasi

— реклама —

Се озваничи првата коалиција за предвремените парламентарни избори, таа е помеѓу Алијанса за Албанците и Алтернатива. Претседателите на Алијансата за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши вчера го потпишаа договорот за коалиција на предвремените парламентарни избори, објави МКД.МК.

— реклама —

Села и Гаши кажаа дека слоганот на нивната коалиција ќе биде „Една држава за сите".

— реклама —

„Немам дилема дека овој момент на соединување за нас како Алијанса за Албанците и за Алтернатива, е многу важен момент. Со овој потег ние правиме чекор напред кон зајакнување и зголемување на албанскиот глас. Ова е целта на нашата коалиција, која ќе чекори сигурно за донесување на промените на 12 април, долгоочекувана промена во албанското општество тука во Северна Македонија”, истакна претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села.

Гаши пак вели:

„Тука сме да изјавиме дека после 12 април ние ќе се грижиме за сите Албанци, без разлика за која партија тие ќе гласаат, тие треба да се сигурни дека ние ќе им служиме на сите без разлика на нивните политички и други уверувања. Правиме се за ‘Државата за Сите’, да ја живееме после 12 април. За нас поважен е денот што следи после 12 април, отколку деновите до 12 април”, рече Гаши.

извор: МКД.МК

— реклама —

фото: МКД.МК

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања