„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ФОТО) Општина Охрид стана попристапна за граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
UNDP_Svajcarska_agencija

Од денес општина Охрид е подостапна за сите благодарение на вклученоста на граѓаните преку Форумите во заедницата организирани во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а спроведуван од УНДП во соработка со Општина Охрид. Денеска, амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер и постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан беа во посета на општинa Охрид за да ги видат резултатите од овој проект и воедно одржаа средба со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и претседателката на советот, Живка Ангелоска.

— реклама —

На средбата беше дискутирана соработката меѓу Владата на Швајцарија, УНДП и oпштина Охрид во унапредување на процесот на децентрализација и зајакнување на капацитетите на општината за отчетно и транспарентно работење, како и за понатамошните можности за вклучување на граѓаните во одлучувачките процеси врзани со локалниот развој.

— реклама —

– Проектот е финансиран од  Швајцарската амбасада во Република Северна  Македонија со вкупен буџет од 50 000 швајцарски франци. Со реализација на проектот се  реконструираа  влезните скали кои водат до големата општинска сала. Се постави  хидраулична лифт платформа за лица со телесен инвалидитет и   целосно се  реновира и опреми големата општинска сала. Со тоа  се овозможи полесен пристап за подобри општински услуги. Салата исто така внатрешно се уреди со ново осветлување, озвучување и  мебел. Со тоа се обезбедија  посоодветни услови за работа на општинските советници, но и за  сите граѓани и здруженија што ја користат салата за различни потреби. –  изјави градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Во текот на 2018 година, граѓаните на Општина Орхид преку четири форумски сесии одлучија да и дадат приоритет на иницијативата „Полесен пристап за подобри општински услуги и граѓанска вклученост“ чија цел е подобрување на пристапноста на општинската зграда.

– Проектот беше избран од страна на повеќе работни групи, во кои имаше претставници на Советот на општина Охрид, општинската администрација, претставници на невладиниот и бизнис сектор. Главната тема на Форумот беше социјалната инклузија, а целта на форумските сесии беше да се предложат и утврдат приоритетни проекти кои може да придонесат во оваа општествена област. Граѓаните сами ги предлагаа и ги рангираа проектите. Овој проект е многу значаен, бидејќи за прв пат во Општина Охрид беше организиран Форум на заедници, додаде претседателката на советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска.

Со вкупно 3,5 милиони франци, Швајцарската агенција за развој и соработка го поддржува зајакнувањето на општинските совети во 24 општини низ земјата како тела кои се клучни за развојот на партиципативната демократија и транспарентното и отчетно работење на општините.

– Проектот за зајакнување на општинските совети овозможува наша постојана вклученост во децентрализацијата на власта преку поддржување  на општинските совети и нивното подобрување  во однос на надзорните, легислативните и претставничките улоги. Како резултат на овој проект, граѓаните ќе добијат полесен пристап до информации, додека општинските претставници подобро ќе ги разбираат потребите на јавноста. – објасни Сибил Сутер, амбасадорката на Швајцарија, за време на нејзината посета на Охрид.

Проектот на Швајцарската агенција за развој и соработка „Зајакнување на општинските совети“ го спроведува Програмата за развој на обединетите нации (УНДП), во согласност со глобалните Цели за одржлив развој поставени од Обединетите нации и приоритетите на Програмата во земјата, меѓу кои е и зајакнувањето на локалниот развој и самоуправа.

– УНДП активно гo поддржува подобрувањето на владеењето во Северна Македонија бидејќи распространетите ефекти од доброто владеење позитивно влијаат на економјата, животната средина и општеството како целина. Доколку власта и граѓаните останат посветени кон взаемна соработка, за каква што покажаа дека се способни преку овие општински форуми, верувам дека државата ќе излезе од кризата предизвикана од пандемијата во многу подобра состојба од претходно.- додаде Нарине Сахакјан, постојаната претставничка на УНДП.

Проектот се спроведува во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии, ЗЕЛС, Здружението на финансиски работници и Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women). Преку проектот досега беа спроведени низа активности за зајакнување на капацитетите на советниците и нивно вмрежување, подобрување на транспарентноста и отчетноста на општините преку примена на иновативни алатки, и зголемување на граѓанското учество во донесувањето одлуки на локално ниво. Почнувајќи од 2018 година одржани се вкупно 108 форумски сесии во рамки на 24 форумски процеси низ целата земја, на кои учествуваа над 6.900 граѓани, жители од избраните општини. Досега, целосно реализирани се приоритетни иницијативи во девет општини, а во тек е реализацијата на иницијативи избрани преку Форумите во заедниците во уште 15 општини кои се дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања