Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

(ФОТО) Осамнаа транспаренти во Скопје: Не си заглавен во сообраќај, ти си сообраќај!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
67481427_2304446529623146_5699734730677682176_o

„Секојдневно им забележуваме на градските власти, МВР и другите институции, дека не прават доволно за расчистување на сообраќајниот метеж. И од тоа не треба да се откажеме. Напротив, како граѓани и здруженија, треба постојано да бидеме будни и да правиме притисок работите да се менуваат кон подобро.

— реклама —

Но во меѓувреме, секој еден од нас треба да се запраша, дали е дел од проблемите со кои се соочуваме во градот. Што може да направи секој еден од нас за да придонесе кон решавање на тие проблеми.

— реклама —

Точно е дека не секој од нас може да се качи на точак и да го замени својот автомобил како превозно средство. Некои немаат точак, некои се чувствуваат небезбедно заради недостаток на велосипедска инфраструктура, некои не се доволно физички силни, но повеќето од нас едноставно се заглавени во изборот што некогаш го направиле, да се возат во автомобил безразлика на се. Макар и заглавени.

Одглави се. Избери точак! Избери пешачење! Избери јавен транспорт! И притисни да се подобрат.

Ајде да се менуваме и ние граѓаните на овој град.

Да го менуваме градот заедно“, пишуваат од граѓанската иницијатива „На точак“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања