Против Илија Стефановски, осомничен за убиството на 31-годишната Росица Коцева и нејзиниот татко Киро Коцев (74) во Велес, претходно биле поведени повеќе постапки за закани и насилство, соопшти Основното јавно обвинителство.
Убиената Росица неколку пати го пријавувала Стефановски за семејно насилство и за непочитување на забраната за приближување. На 10 септември годинава тој бил условно осуден.

Во мај, пак, од нејзиниот дом го одзел и го запалил автомобилот на нејзиниот татко.
Случаите биле пријавувани во ОЈО Велес, а дел и во ОЈО Скопје, каде осомничениот ја пријавил Росица дека му поднесува лажни пријави со цел да му изнуди пари.