Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ФОТО: Ова е имотот што го нуди Катица Јанева за да излезе од затворската ќелија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
66585173_2902346009782403_878459122863833088_o

За да излезе од притвор во кој заврши поради случајот „Рекет“, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, како гаранција нуди недвижен имот, пишува „Е-магазин.мк“

Телевизијата Телма објави дека Јанева нуди три стана за да се брани од слобода, а информацијата за телевизијата ја потврдила нејзината адвокатка Ирена Фрчковска, која вели дека се работи за недвижности кои се нејзина и сопственост на фамилијата на Јанева.

Колкава е точната вредност на имотот кој го заложила Јанева за сега не е познато, а во нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Државната комисија за спречување на корупција има одредени проценки на истиот.

Во текот на изминативе четири години Јанева направила само една промена во анкетниот лист, односно купила половно возило.

Задолжена со кредити: Каков имот пријавила Катица Јанева?

еМагазин неодамна пишуваше со каков се имот располага Јанева.

— реклама —

Според нејзиниот анкетен лист, таа на име на децата пријавила, два стана во Скопје од 72 и 68 метри квадратни, стекнати со договор за подарок.

— реклама —

На свое име пријавила куќа во Гевгелија од 371 метри квадратни, земјоделско земјиште во Мрзенци и плац во Конско.

На свое име пријавила и возило Ровер 45, а на име на децата возила Голф 4 и Ауди А6.

Пријавила и неколку денарски депозити и кредитни картички на свое име и на име на децата.

— реклама —

Интересен детал од нејзиниот анкетен лист е дека пријавила четири кредити, еден на име на децата, а три на свое име, кои се уште се исплаќаат.

На свое име пријавила кредити од 1,7 милиони денари, 1,9 милиони денари и 3,6 милиони денари, а два од нив треба да ги исплати до 2034 годиниа. Ги зела во периодот од 2014-2015 година.

Целиот нејзин анкетен лист, ОВДЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања