(ФОТО) Овде луѓето доаѓаат да смрзнуваат за три илјади евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
49343485_234656194113582_8744810236520431616_n

„Isstolpsittning“ или седење на мраз е натпреварувачка активност во шведскиот град Вилхелмина.

— реклама —

Во таа европска земја се организира во февруари секоја година како дел од настанот Вилхелмина зимски викенд. Добро облечените натпреварувачи се качуваат на скала до ледениот трон висок околу два и пол метри и седат на неа до 51 час за да победат. На секои неколку часа им е дозволено да се спуштат по околу 10 минути и да го користат тоалетот.

— реклама —

Не само што треба да издржат ниски температури за време на предизвикувачката задача, која може да се спушти до -20 степени Целзиусови во февруари во Шведска, туку не им е дозволено да поминуваат време и гледајќи во телефони и слични електронски уреди.

— реклама —

Isstolpsittning е физички и ментален предизвик за телото и духот. Најтешкиот дел од натпреварот е кога ќе падне ноќта и кога ќе почнат да се затвораат очните капаци на натпреварувачите. Оние кои сакаат да победат се трудат да не заспијат за случајно да не се лизнат од ледениот трон и да не се дисквалификуваат од трката. Победник е оној кој ќе остане да седи на ледениот трон по истекот на 51-от час и ќе освои 35.000 шведски круни или околу 3.145 евра.

Моментално бараат заинтересирани за овогодинешниот натпревар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања