„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ФОТО) Охридските коледари го најавија христовото раѓање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Koleda_01062020004

Со свеќи во рацете , кандилца и ѕвезди  околу 700 дечиња беа дел од денешната  Бадникова поворка што  седма година по ред се одржува  во Охрид. Пеејќи ја  коледарската песна  „Вечниот Бог“  низ охридските улици и чаршијата, младите охриѓанчиња кои ги симболизираа ангелите  го најавија христовото раѓање.

— реклама —

На плоштадот „Св. Климент Охридски“  кај божиќната пештера што е подарок од Бигорскиот манастир, Св. Јован Крстител, коледарчињата ги пречека градоначалникот Константин Георгиески кој ги дарува со божиќни пакетчиња.

– Возвишено е чувството, да се биде дел од оваа културно – верска манифестација во која учествуваат нашите најмили –  дечињата, кои со  старохристијанската коледарска песна го најавуваат христовото раѓање. Возобновувањето на оваа традиција е секако за поздравување затоа што преку неа најмладите се запознаваат подлабоко со суштината на нашата вера,  со значењето на христовото раѓање.  Секогаш мора да си ги познаваме своите корени, своите традиции за да градиме успешна и посветла иднина за сите нас.  Во оваа прилика им го честитам големиот христијански празник Божиќ на сите православни христијани, со надеж дека ќе  го минат во добро  здравје, со ведра мисла и спокој,  опкружени со љубовта на своите најблиски- рече градоначалникот Георгиески.

— реклама —

Градоначалникот Георгиески присуствуваше и на бадниковата поворка што втора година по ред се одржува во Селото Велгошти.

Бадниковата поворка е една од најмасовните културно-  верски манифестации што се организираат по повод големиот христијански празник Божиќ.

Организатор на настанот е Здружението за грижа и воспитување деца од Охрид и е поддржан од  општина Охрид.

фото: Општина Охрид

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања