Промени тема
Контакт
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE
Некст Тајм - Нема друга Македонија / Next Time - Nema druga Makedonija LIVE

(ФОТО) Охридско лето се отвори со „Големиот Чајковски“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
oh-leto-7

Со гала балетскиот концерт „Големиот Чајковски" на Националната опера и балет отворено 61. издание на „Охридско лето“.

Пред исполнетиот аудиториум на Античкиот театар, Фестивалот за отворен го прогласи покровителот на манифестацијата, претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.

– Автентичната уметност ни ја нуди надежта и како личен и како колективен феномен, нè поттикнува да ја бараме вистината и да ја прегрнеме добрината. Како критичар на сите апарати и системи на моќта, уметноста нѐ охрабрува да не се помируваме со злоупотребите и да не молчиме пред неправдите. Дури и кога е игнорирана или забранувана, уметноста си го пробива патот меѓу луѓето, меѓу народите, јазиците и културите, ширејќи го просторот за свет со почовечки лик, истакна во дел од своето обраќање Претседателот Пендаровски.

— реклама —

Министерката за култура Ирена Стефоска пред присутните потенцираше дека „Ниту Охрид меже без „Охридско лето" ниту „Охридско лето" без Охрид.

„Магијата е взаемна како што е магичен и целиот регион. Доаѓајте со респект во Охрид, Охрид не е забавен парк, Посетете ја питомата Струга, Струга не е само уште еден град. Прошетајте ја Дебрца, Дебрца не е депонија. Искачете ја Галичица и напојте го погледот со убавина, Галичица не е само уште една планина. Охридското Езеро е редок дар, а не базен. Регионот е волшебство од природата и наследство на историјата. Тапијата е во наши раце само на чување и затоа мора да ја сочуваме – не заради УНЕСКО, туку заради оставениот аманет кој е и наша обврска и наша чест, истакна Стефоска.

— реклама —

Охридско лето ќе трае до 20 август. На сцените ќе настапат повеќе од 500 уметници од 18 земји.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 1 година

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања