„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

(ФОТО) Охриѓанец со неверојатен талент - запознајте го Марио Шапкар кој на сликите со молив им дава живост

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Магазин
mario-2

Охриѓанец со неверојатен талент. Марио Шапкар уште од малечок, ужива во цртањето. Со тек на време неговата најголема страст – спојот на моливот и хартијата станува негово секојдневие. Сите негови цртежи се изработени само со молив.

— реклама —

Станува збор за исклучителен талент и огромна посветеност на неговата работа. Неговите портрети на богатите и славните се екстремно верни на оригиналот, така што секој што ќе ги погледне несомнено ќе подзастане за да се увери дека се навистина цртежи, а не реални фотографии.

Најважното од сè, е тоа што уметникот има внесено живот во овие лица, давајќи им душа и карактер.

— реклама —

Скопје 1: Марио, може ли да ни откриеш кога го нацрта твојот прв портрет и кој беше тоа?

Марио Шапкар: Со почнувањето на средното образование, почнав да цртам портрети од членови на мојата фамилија, тогаш всушност го открив својот талент и се насочив кон усовршување и константно вежбање кое ми носи големо задоволство.

Скопје 1: Велат дека времето брзо поминува кога го правиш тоа што сакаш. Колку време ти е потребно за да нацрташ портрет?

Марио Шапкар: Како и секоја друга работа, така и цртањето бара голем труд и максимална концентрација. За цртање на еден портрет потребни ми се неколку денови, во зависност од деталите на самата слика.

Скопје 1: Дали е полесно да гледаш од фотографија или знаеш да седнеш некој твој близок да ти позира?

Марио Шапкар: Околу тоа прашање секој уметник има различни преференции, но според мене подобро е преку слика.

Скопје 1: Омилен лик позната фаца, која си ја нартал повеќе пати?

Марио Шапкар: Сум цртал личности од музичката, а исто така и од филмската сцена, но Анџелина Џоли е сепак онаа која сум ја нацртал повеќе пати, заради специфичниот изглед.

Скопје 1: Дали црташ само со молив, или сакаш да си поигруваш и со бои?

Марио Шапкар: Засега цртам исклучиво само со молив, но во иднина планирам да ја пробам техниката со акварел бои.

Скопје 1: Имаш ли желба да ти позира некој познат глумец, фудбалер, политичар. Кој е  тоа ...

Марио Шапкар:  За која и позната личност да станува збор, ми претставува огромно задоволство да ја нацртам.

Скопје 1: Што работиш во моментов, дали твојата професија е поврзана со уметност?

Марио Шапкар: Во моментот ништо не работам од причина што сеуште сум средношколец, но во иднина планирам да го работам тоа што навистина ме исполнува, а тоа секако е - цртањето.

Скопје 1: Талентот е нешто што го имаш во себе. Има ли некој во твоето семејство кој убаво црта? Од кого си го „украдил“ талентот?

Марио Шапкар: Од мојата фамилија никој не се занимава со тоа, па се надевам дека јас ќе сум првиот.

Скопје 1: Среќен ли си во Охрид. Дали би останал да живееш и работиш тука?

Марио Шапкар:  Јас го сакам Охрид, родниот град, би сакал остатокот од животот да го поминам тука, но никогаш не се знае што носи животот.

Фото: Марио Шапкар

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања