Охриѓанецот Зоран Петрески против кого СВР Охрид поднесе кривична пријава поради, како што беше наведено во билтенот, сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ ги демантира тврдењата од полицијата и вели не е точно дека сум извршил узурпација на недвижност, објави Охрид 24.

– Правното лице „Зорпалче“ ДООЕЛ Охрид има склучено договор за краткотраен закуп на 03.02.2014 година со важност од пет години. Објектот е изграден легално според проект одобрен од општина Охрид. На 14.05.2018 година поднесено е барање за продолжување на договорот во времетраење од три години, по член 38 од закон за градежно земјиште. Барањето за краткотраен закуп е навремено поднесено, вели Петрески, за охрид24.

Инаку како што беше наведено во соопштението испратено од СВР Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,узурпација на недвижности“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.П.(32) од Охрид и против правното лице ,ЗОРПАЛЧЕ“ ДООЕЛ Охрид. При извршен инспекциски надзор, утврдено е дека, во текот на 2019 година, пријавениот во својство на одговорно лице во правното лице зазел туѓа недвижност кој со пропис е прогласен за имот во општа употреба. Тие, на катарстарска парцела во охридското село Коњско, бесправно и спротивно на договорот за краткотраен закуп, изградиле времен објект и поставиле урбана опрема.

извор: Охрид 24