Поранешниот директор на Зоолошката градина во Скопје и долгогодишен член на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски – Чомбе, преку објава на социјалните мрежи иронично ги коментираше цените во Охрид, откако објави сметка од ресторан на која за пастрмка платил 3.720 денари.
Во својата објава тој напиша:
„Ги корегираа цените и одма фул Охрид. Наредно лето ни децава од Ск нема да ви одат, ќе седат само Холанѓани дедовци и баби.“
Објавата предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, каде повторно се отвори дебатата за високите цени во Охрид во текот на туристичката сезона и нивното влијание врз домашниот туризам.