Диви продавачи, од околните села, се симнуваат на самиот автопат Скопје – Охрид и продаваат јагоди, праски и друго сезонско овошје и зеленчук.
Автомобили застануваат, возачите си пазарат, се прави метеж. Од една страна возачите се револтирани и се жалат, бидејќи непотребно се прави метеж, но и се изложени во ризична ситуација – некој несовесен може да настрада, а тие да бидат виновни иако ги почитувале прописите за возење на автопат. Од друга страна пак, се неметнува прашањето дали и колку ова овошје и зеленчук се здрави за вашиот организам. Доколку се испитаат анализите сигурно ќе покажат дека наместо витанини истите е полно со олово, и се што што има во издувните гасови на автомобилите.

Да потсетиме дека според едно истражување издувните гасови не се штетни само за луѓето, туку тие ги спречуваат пчелите да го препознаат мирисот на цветот.
Но, да не набројуваме едно е сигурно, на дивите продавачи НИКАКО не им е местото на автопат. Време е надлежните да излезат на терен и превземат нешто оваа појава да се спречи.
