Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

(Фото) Пцуењето на Македонија ја вжешти атмосферата и предизвика реакции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
albanija

Реакции стигнуваат откако албански репрезентативец по натпреварот со Хрватска на Европското првенство, упати навреди кон Македонија. Лидерот на „Македонски концепт“, Петар Богојески, го нарече репрезентативецот „мрсуљка од Косовље“.

— реклама —

„Оваа марулкава од Косовље, не знае дека ние Македонците ја спасивме од егзекуција во 1999 година… а ако таа не била родена, тогаш мајка му и сеста му ги спасивме од масовно силовање, а татко му и дедо му од колење! Но ОК! Памет за следен пат!“, напиша Богојески.

— реклама —

— реклама —

Пејачката Бојана Скендеровски ги прозва албанските политичари од Македонија.

„ Албанскиот репрезентативец ја пцуел Македонија на Европско!Добро,зошто?! Што лошо тој видел од Македонија?! Уште па и мегафон земал! Можам да замислам што ќе се случеше македонски репрезентативец да го направеше истово во спротивна насока. П.С. Албанските политичари во Македонија тивки…изгледа не го гледале натпреваров?!“, напиша Скендеровски.

Со став и критичарот Божидар Божиновски.

„Скандал би било некои од интелектуалците албанци во Македонија да се оградат и да го осудат, некој уметник албанец да каже збор против национализмот, кој било да каже збор за поддршка на Македонија. Вака е таман, кажува шо други мислат, а го поддржуваат со молк. Браво за ФФМ што побара санкции за копитово“, напиша Божиновски.

Фудбалската федерација на Македонија денес го осуди однесувањето на албанскиот репрезентативец, Мирлинд Даку по вчерашниот натпревар со Хрватска.

Даку кој по натпреварот го зеде навивачкиот мегафон и заедно со публиката упатуваше пцовки за Македонците и за Србите.

– Ја изразуваме нашата длабока загриженост и недвосмислена осуда во врска со националистички скандирања од Мирлинд Даку, репрезентативец на Албанија, насочени против македонската држава по завршување на вчерашниот натпревар Хрватска – Албанија од Европското првенство“, велат од ФФМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања