„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ФОТО) Плажите се уриваат без селективност, денеска се руши плажата на истакнат активист на СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Korali

Во моментов се руши плажата „Корали“ сопственост на истакнат активист на СДСМ, Илче Џепароски. Со оваа акција пропаѓаат обвинувањата упатени до локалната самоуправа дека има селективност во спроведувањето на акцијата.

— реклама —

Џепароски за Охрид 1 вели дека ја поддржува одлуката за рушење, но додава дека бараат модул за работа по препораките на УНЕСКО и додава „Од сега во врат ќе им дишам на еснафот“.

— реклама —

„Корали е прва плажа кој има сертификат за работа од ЕУ. Ние плажата ја градевме по сите протоколи. Објектот е поврзан со колекторкиот ситем, донесовме струја и се што е потребно за непречено функционирање на истата. Ги добивме сите одобренија од министертвата за работа. Поминаа многу инспекции кои не регистрираа прекршок“, вели Џепароски.

Тој додава дека единствена грешка која ја направиле било тоа што по примерот на други плажи и тие направиле платформа во Езерото.

„Наша грешка е што направивме платформа во Езерото и за ѕидчињата не донесовме автентичен камен. Но, повторувам „Корали “, е единствена плажа која има сертификат за работа од ЕУ“ вели Џепароски.

Општина Охрид по укажувањата на УНЕСКО, а со поддршка на Владата ја спроведувава акцијата за отстранување на бесправно изградените објекти и урбана опрема на плажите на Охридското Езеро. Истата започна минатата година, а без селективност продолжи оваа.

Со уривање се опфатени сите физичките или правните лица кои имаат добиено Решение за отстранување на бесправно изграден објект/градба и истите не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при Инспекторатот на Општина Охрид.

Инаку од рано утрово на плажите во Охрид Куба, Кадмо, Бела Виста, Канео и Потпеш им е исклучено напојувањето со електрична енергија.

Плажите на кои им е исклучена струјата се опфатени го ГУП от, но немаат договори за концесија. Оние што не се опфатени со ГУП от веќе се срушени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 8 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања