Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

(Фото) По критиките за фонтот и обвинувањата за сквернавење на македонскиот јазик - Општина Битола ќе ја замени плочата на споменикот од Турунџев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
makedonija-5134

По низата реакции во јавноста за изгледот на спомен-плочата посветена на револуционерот Александар Турунџев, Општина Битола соопшти дека ќе биде изработена нова плоча со современ македонски фонт, целосно усогласен со правописните норми.

— реклама —

Забелешките од граѓаните беа насочени кон тоа дека буквите изгледаат како да се напишани со туѓа ортографија. Според стручната лингвистичка анализа, сепак, станувало збор за декоративно типографско решение, во кое одредени форми визуелно наликуваат на латинични знаци, што создаде впечаток на погрешно напишани зборови.

„Имајќи ја предвид чувствителноста на прашањето и значењето на јазикот и писмото како дел од националниот идентитет, Општина Битола ќе изработи нова спомен-плоча со современ македонски фонт. Целта е да се избегне забуна и да се обезбеди јасна и прецизна јазична форма, како што прилега за јавните обележја што ја чуваат историската меморија,“ стои во соопштението.

— реклама —

Општината додава дека останува посветена на негување на јазичната исправност, културната традиција и достоинственото чествување на хероите што се вградиле во слободата на Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања