Градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков, преку социјалните мрежи извести дека екипите на „Охридски Комуналец“ се на терен. Тој објави и фотографии на кои се гледа дека се чистат наносите во центарот на градот и чаршијата.
„ЈП "Охридски Комуналец" веднаш излезе на терен по силниот дожд и ги исчисти наносите во центарот на градот и Охридската чаршија“, вели градоначалникот.