ФОТО: Попушти мост во Драчево, има простор и цел човек да пропадне

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје

Во текот на вчерашниот ден во доцните попладневни часови до Центарот за управување со кризи стигна пријава од загрижен граѓанин којшто не извести дека на средината на мостот над Маркова Река пред скопската населба Драчево во првиот дел од мостот постои голема дупка што претставува опасност за безбедноста на возилата што се движат по овој мост. Од страна на ЦУК е веднаш известено ЈП Улици и патишта Скопје, Општина Кисела Вода, Град Скопје и Министерството за внатрешни работи (МВР). Од страна на ЈП Улици и патишта доцна синоќа дупката е обележена. Оваа дупка претставува опасност самата по себе доколку некое тешко товарно возило или автобус згазне врз неа. Но, истата оваа дупка најверојатно ја нарушува статиката на мостот, а со тоа и неговата безбедност, информираат од Центарот за управување со кризи.

— реклама —

„Токму од овие причини ЦУК апелира до надлежните институции итно да превземат соодветни мерки и дејства со коишто ќе го обезбедат овој мост и ќе ја гарантираат безбедноста на граѓаните. Како што истакнавме во повеќе наврати, за нас во ЦУК на прво место секогаш е безбедноста на граѓаните. ЦУК ги повикува сите граѓани, кои ќе забележат било каква опасност што може да го загрози нивниот живот или здравје, да ја пријават на бесплатниот телефонски број 112, а понатаму ние ќе ги превземе сите неопходни дејства.

Безбедноста на граѓаните на прво место“, се вели во соопштението.

— реклама —

/%d1%86%d1%83%d0%ba-%d0%be%d1%88%d1%82%d0%b5%d1%82%d0%b5%d0%bd-%d0%bc%d0%be%d1%81%d1%82-%d1%83%d0%b2%d0%b8%d0%b4-%d0%b0%d0%bd%d0%b3%d0%b5%d0%bb%d0%be%d0%b2-6" rel="attachment wp-att-185469">

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања