Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(ФОТО) Поранешнот „Матично“ ќе се реконструира во нов младински центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје

На денешната прес – конференција, градоначалниците на Центар и Град Скопје, Саша Богдановиќ и Петре Шилегов, како и претставници од Сојузот на извидници на РСМ го најавија почетокот на градежните активности за реконструкција на објектот на поранешната Управа за водење матични книги [Матично], кое се наоѓа во склоп на општинските бараки.

Во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети”, организиран од страна на Општина Центар, а со поддршка од страна на Програмата за развој на обединетите нации – UNDP како спроведувач и Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC како донатор, одобрен е финансиски грант во износ од 50.000 швајцарски франци за реализација на три проекти кои се избрани од страна на граѓаните на одржаните форумски сесии мината 2019 година.

Младинскиот центар е еден од предлог проектите кои влегоа во финалната селекција, заедно со проектите „Отворени сцени“ и „Зајакнување на капацитетите на градинките за социјална инклузија – сензорни соби“, кои се во фаза на подготовка.

— реклама —

Со реконструкција на поранешниот објект „Матично“, Општина Центар ќе го отстапи просторот за реализација на програмските активности на Младинскиот центар, кој покрај основната цел ќе претставува и мултимедијален центар подобен и за други содржи во интерес на младите. Општината ќе кофинансира со 83 проценти од вкупниот износ за целосна реализација на проектот и отворање нов Младински Центар во градот.

„Особено се радувам дека белегот на градот Скопје и култниот објект „Матично“, после 52 години, за првпат ќе биде реконструиран во нов облик и функционален простор за промоција и афирмација на младинската мрежа. Креирањето на еден ваков одржлив и инклузивен центар за младите, ќе претставува сервисен центар, нов мултифункционален простор за реализација на разни едукативни активности за младинските и извидничките организации, како и неформалните групи на млади лица. Младите директно ќе бидат вклучени во креирање на политиките на локално ниво, ќе имаат соработка со основните училишта и ќе работат на социјалното вмрежување и поттикнување на неформалното образование“ – Саша Богдановиќ

— реклама —

Градежните и градежно - занаетчиските работи ќе се изведуваат на површина од 470 метри квадратни и ќе имаат за цел да обезбедат зголемување на енергетската ефикасност на објектот и обезбедување соодветни услови за лицата со посебни потреби. Ќе се врши целосна промена на кровниот покривач со поставување термоизолација, целосна реконструкција на водоводната и електричната инсталација, промена на нова фасадна столарија со нови енергетско ефикасни прозори, како и поставување нови подови, ѕидни облоги, нови тоалети и ново осветлување.

— реклама —

Вкупното чинење на реконструкцијата ќе изнесува 6.941.282,00 денари со влучен ДДВ. Општина Центар ќе обезбеди 83 проценти од финансиски средства, односно 5.768.074,00 денари од Буџетот на општината за 2020 година, а останатите 1.173.208,00 денари ќе бидат обезбедени од Програмата за развој на обединетите нации – UNDP во форма на донација.

Градежните активности се планираат да завршат во наредните 50 дена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања