Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

(ФОТО) Посета на граѓани на Вила Водно во рамки на Отворен Кабинет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Foto-10-1

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Вила Водно, денеска го посетија граѓани во рамки на активноста Отворен Кабинет.

Посетителите имаа можност да се сретнат, лично да поразговараат со претседателот Пендаровски и директно од него да се информираат за неговите надлежности, да ги посетат просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби, како и салите за свечености, состаноци, настани и прес-конференции.

— реклама —

Гостите се запознаа и со дел од вработените во Кабинетот и беа информирани за историјатот на Вила Водно, за дел од активностите коишто се одвиваат, како и за начинот на функционирање на оваа институција.

Денешниот настан е во рамки на Отворен Кабинет, активност којашто овозможува директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски. Сите заинтересирани граѓани, институции и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет страница на Претседателот http://pretsedatel.mk/otvoren-kabinet/ имаат можност да остварат директна комуникација со претседателот Пендаровски, да споделат свои идеи, предлози и сугестии, како и да присуствуваат на настани од јавен карактер, коишто ќе бидат реализирани во Кабинетот.

— реклама —

фото: Кабинет на Претседател

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања