Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Фото) Се запали летна кујна во радовишко: брзата реакција на пожарникарите спаси куќа од огнот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryh0o9tmbd8jk52eLmtUC

Помошен објект – летна кујна, се запалил денеска попладне во селото Ораовица, при што брзата интервенција на пожарникарите спречила огнот да се прошири на соседната куќа.

— реклама —

До Центарот за управување со кризи (ЦУК) пријавата била примена во 14:01 часот, по што екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш веднаш излегла на терен со едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

— реклама —

Пожарот бил во почетна фаза, а благодарение на навремената реакција на пожарникарите било спречено огнот да ја зафати куќата која била непосредно залепена до летната кујна.

Сопственикот на објектот изразил благодарност до пожарникарите за брзата интервенција, со која била спасена куќата од целосно опожарување.

— реклама —

Припадници на Министерството за внатрешни работи ќе вршат увид за да се утврдат причините за неговото настанување.

— реклама —

Од Територијалната противпожарна единица Радовиш повторно апелираат до граѓаните за внимателност и потсетуваат дека во случај на пожар треба веднаш да се пријави на телефонските броеви 112 или 193.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3k3obm0rggs5FPIqHz

(Видео) Голем пожар кај Бит-пазар во Скопје: Горат магацини, интервенираат шест противпожарни возила

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања