Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(ФОТО) Претседателот Пендаровски го врачи мандатот за состав на преодна Влада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, врз основа на член 84 од Уставот, а во согласност со член 43 од Законот за Владата, денеска му го врачи мандатот на Оливер Спасовски.

„Наша задача ќе биде да направиме сè да продолжи државата со напредокот и да овозможиме фер и демократски избори. Сите институции да продолжат со истата динамика со цел да има просперитет за граѓаните на оваа држава“, рече Спасовски.

— реклама —

Врз основа на член 84 алинеа прва од Уставот на Република Северна Македонија, а во согласност со член 43 од Законот за Владата на Република Македонија и предлогот на најголемата политичка партија што го формира владиното мнозинство, за мандатор за состав на преодната Влада за спроведување на избори на пратеници, го определувам Оливер Спасовски“, изјави претседателот Пендаровски. 

— реклама —

По завршувањето на седницата во Собранието, за избор на преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, претседателот Пендаровски во својот Кабинет – Вила Водно, ќе ги прими членовите на новиот состав на Владата.

Претходно, Собранието ја констатира оставката на Зоран Заев од функцијата премиер. Новата техничка влада се очекува да биде изгласана на собраниска седница денеска, најдоцна до полноќ.

— реклама —

— реклама —

ФОТО: Кабинет на претседател

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања