„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Фото) Проф. Марковски со маска на диносаурус: „Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
goran-markovski

„Ќе изумреме како диносаурусите, ако не се справиме со загадувањето,“ порача кандидатот за градоначалник на Скопје проф. д-р Горан Марковски на денешната прес-конференција во Парк Авионче, спроти депонијата Вардариште, која повторно гори и денеска.

— реклама —

Заедно со Јана Белчева Андреевска, носителка на кандидатската листа за советници од граѓанската платформа „Независни заедно“, Марковски истакна дека постојат бројни студии, акциски планови и препораки за решавање на проблемот со Вардариште (ЛЕАП 3, ГУП елаборатот и Прирачникот за пожари од САЛАР), но никогаш не била покажана политичка волја да се спроведат.

„Не се преземени никакви стручни мерки за тоа што ќе се прави со гасовите кои се ослободуваат од распаѓањето на ѓубриштето. Во околу ѓубриштето има голема количина на метан. Метанот е лесно горлив материјал и мала искра предизвикана од било што може да предизвика пожар. Ние сме за трајни решенија кои ќе им овозможат на скопјани да дишат нормално, особено на оние наши сограѓани кои живеат во околината на Вардариште,“ рече Марковски.

— реклама —

Тој објасни дека едно од можните решенија е со систем на цевки да се собере метанот и потоа да се искористи, меѓу другото, и за производство на електрична енергија. „Постојат и други методи кои веќе се применуваат на над 200 локации во Европа,“ додаде Марковски.

Белчева Андреевска нагласи дека иако за Вардариште одамна постојат стручни насоки, тие се игнорирани. „Ако се следеле чекорите од ЛЕАП: чистење на дивите депонии, рекултивација на Вардариште според стручните студии, модернизација на системите за исцедок и гас и зајакнување на селекцијата и рециклирањето, веќе ќе имало резултати. Затоа, основа за нашето работење нема да бидат нови стратешки документи, туку исполнување на усвоените планови и усогласување со безбедносните стандарди,“ рече таа.

Според Белчева Андреевска, планот за решавање мора да биде и реален и модерен – со затворање на просторот за диво депонирање, 24/7 периметарска контрола со видео-аналитики и препознавање регистарски таблички, употреба на термални камери и дронови со спектрални сензори за откривање на жаришта уште во зародиш, а сите податоци да се интегрираат во систем со јавна отчетност.

„Нам сојузници во овие напори мора да ни бидат граѓаните кои се будни, свесни и бараат промени и ќе го дадат гласот за оние кои веќе биле активни, и ќе продолжат да работат за јавниот интерес – а тоа е чист воздух и здрава животна средина,“ порача Белчева Андреевска.

„Независни заедно“ е платформа што ги обединува независните советници и локалните иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“. Тие најавуваат борба за град Скопје, но и поддршка за кандидатурата на антикорупционерката Билјана Ивановска во Центар. „Само заедно можеме да му дадеме шанса на Скопје да стане град по мерка на човекот,“ порачуваат од платформата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања