Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Фото) Пронајдена неексплодирана граната кај битолското село Меџитлија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryrma6p80la9q02W8QA5l
Илустрација

Неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна е пронајдена кај битолското село Меџитлија, во близина на македонско-грчката граница.

— реклама —

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека пиротехничарот Ѓорѓи Стефанов безбедно ја отстранил гранатата со калибар од 75 милиметри и ја транспортирал до Армискиот полигон „Криволак“, каде што ќе биде уништена.

— реклама —
— реклама —
media-library568q15m4c5v5cyIGwaN

Гранатата била откриена за време на градежни работи што ги изведувало Јавното претпријатие „Стрежево“ – Битола, во атарот на селото Меџитлија.

— реклама —

Пријавата до Дирекцијата за заштита и спасување била доставена преку единствениот број за итни случаи 112.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања